Изненадување на Саутгејт, стартер против Украина е играч кој на ова ЕП настапи само 7 минути

Новото крило на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, е големото изненадување во почетниот состав на Англија за дуелот со Украина кој се игра од 21 часот во Рим. Санчо досега на Евро 2020 играше само седум минути, но после притисокот од јавноста и трансферот од Борусија со Јунајтед, Саутгејт реши да му даде шанса да биде стартер.

Кејн е предводник на офанзивниот дел на англиската селекција, а покрај него ќе бидат Санчо и Стерлинг. Меѓу стартерите го нема и Трипие кој обично беше во почетниот состав, а се појавува Маунт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести