Изненадување на стартот на тајванската лига, и „вештачка“ публика (Фото)

Денеска стартуваше новата сезона во фудбалското првенство на Тајван, а дербито помеѓу актуелниот првак Татунг и тимот кој заврши на второто место во минатата сезона, му припадна на вицешампионот Таипауер.

Тајванците им се придружија на Белорусија, Таџикистан, Бурунди и Никарагва како земји во кои се игра фудбалската лига. Новата сезона која ќе има 21 коло (секој од осумте клуба против секого ќе игра по трипати) и ќе трае до октомври, почна со дерби. Првакот од минатата  сезона кој треба да игра АФЦ купот, азиски пандан на Лига Европа, загуби на стартот и тоа дома со 2-3.

Интересно е што поради забраната за присуство на публика, на трибините имаше картонски „навивачи“, па иако беше тишина, играчите барем делумно се чувствуваа како некој да ги гледа.

Иако е блиску до Кина, во островската земја со 24 милиони жители, има само 400 заразени од коронавирусот и само 6 починати.

- Оглас -

Најнови вести