Изненадување, најдобриот тим во Првата лига се раздели со тренерот

Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, Струга Трим Лум, неочекувано се раздели со тренерот Срѓан Захариевски.

Одлуката за разделба со тренерот, кој со тимот беше најдобар во есенскиот дел од сезонава, доаѓа по двата нерешени резултати во пролетниот дел против екипите на Тиквеш и Македонија ЃП.

„Завршува соработката со тренерот кој го издигна нашиот клуб на високи нивоа. Ја известуваме јавноста, навивачите и љубителите на фудбалот дека ја прекинуваме соработката со Срѓан Захариевски. Одлуката на клупското раководство беше коректно соопштена на шефот на стручниот штаб и прифатена како таква. Со тренерот од Крива Паланка, Струга Трим Лум помина скоро три спортски сезони. Најголемиот успех го постигнавме во 2021 година, кога успеавме да играме во Европа“, соопшти, меѓу другото, Струга ТЛ.

- Оглас -

Најнови вести