Изненадување: Силекс го освои купот, па испадна од Првата лига!

Тиквеш после пауза од 17 години се враќа во прволигашкото друштво. Кавадарчани попладнево на арената „Тодор Проески“ во бараж дуелот го победија Силекс со 1-0, со гол на Едиз Спахиу во 54-та минута.

Во другиот бараж кој истотака се игра во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Ренова и Охрид одиграа 2-2, тетовци кои во 4 минута примија гол од 60 метри, се спасија од пораз во 89-та минута, па таму пенал серија ќе решава кој ќе биде прволигаш, и дали дури четири тима ќе испаднат од елитното друштво.

- Оглас -

Најнови вести