Изолацијата го натера Де Бројне да сфати дека не може без фудбал

Коронавирусот нè натера да се затвориме дома и да чекаме подобри времиња. Веќе извесно време нема никаков спорт поради пандемијата, а тоа за спортистите значеше дека ќе треба да седат дома и да го поминуваат времето со семејството. На некои тоа им одговара, но има и такви на кои повеќе им недостасува спортот, во овој случај фудбалот.

Кевин де Бројне, ѕвездата на Манчестер сити, додека е во изолација, сфати дека не може да живее без фудбалот, па одлучил да ја продолжи кариерата.

„Ѝ кажав на мојата сопруга дека ќе играм повеќе од што планирав, најмалку две сезони плус. Додека сум во изолација, сфатив дека не можам без фудбал и дека не можам да ги поминувам деновите седејќи дома. Навистина ми е тешко без фудбал. Со нетрпение чекам да се вратиме на терените и се надевам дека тоа ќе се случи што побрзо. Сега само треба да ги почитуваме препораките за оваа криза да помине бидејќи здравјето на луѓето моментално е многу поважно од фудбалот“, истакна Де Бројне.

- Оглас -

Најнови вести