Израелец влезе во историјата како најстари фудбалер во профи фудбалот

Дека годините не се проблем за да се биде дел од фудбалската игра покажа еден Израелец. Исак Хаук следната недела ќе наполни 74 години, а како подарок за роденденот доби шанса да брани за својот тим Ирони Ор Јехуда. Исак бранеше на мечот против Макаби Рамат Ган, а неговиот тим загуби со 5:1. Иако прими пет гола, голманот имал и неколку одбрани. Што е уште поинтересно Исак вели дека сака уште да брани.

„Подготвен сум за нов меч“, вели старецот кој официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар играч во еден меч од професионалниот фудбал.

Претходниот рекорд за најстар фудбалер на еден меч бил во сопственост на Уругваецот Роберт Кармона. Тој играше во 2015 година за локалниот тим Пан де Асукар, а имаше 53 години. Сега тој рекорд е подобрен за дури 20 години, а сопственик е Израелецот Исак Хаук.

 

 

- Оглас -

Најнови вести