Израелската гордост пак има шампионски амбиции, ќе купи НБА играч

Анте Жижиќ е можното големо засилување од НБА лигата за изралеската спортска гордост Макаби Тел Авив, а двете страни се блиску до договор.

Жижиќ веројатно ќе си замине од Кливленд кавалирс и повторо ќе игра во Евролигата, а ако се заврши трансферот Макаби повторно најавува шампионски амбиции и атак на седмата европска круна.

Хрватскиот центар беше драфтуван во 2016 година како 23. пик од Бостон селтикс, но во НБА пристигна една година подоцна кога во голема размена на кошаркари стана член на Кливленд.

Сезонава што е во прекин поради Коронавирусот Жижиќ има просек од 4.4 поени и 3 скока по меч, а ќе биде добредојден во Макаби, кој се раздели со Тарик Блек, па гледа идеална замена во хрватскито центар.

Макаби со 6 европски титули е третиот најтрофеен клуб со Панатинаикос, а зад Реал Мадрид со 10 и ЦСКА Москва со 8. Израелскиот клуб играше вкупно 15 финалиња и во таа категорија е само зад Реал Мадрид со 18.

- Оглас -

Најнови вести