Израсна во тешка сиромаштија, му велеле да се откаже, а тој сега е херојот на Ливерпул

Ливерпул синоќа се пласира во финалето на Лигата на шампионите откако на „Ел Мадригал“ во Шпанија со 3:2 го победи Вилјареал и со вкупни 5:2 го елиминира шпанскиот тим.

На полувремето Ливерпул губеше со 2:0 и беше пред драматично второ полувреме, кога на полувремето во игра влезе Луис Дијас. Токму Дијас беше најзаслужен за пресвртот на Ливерпул, па гостите за неполни 30 минути во вториот дел дадоа три гола и наместо пораз, стигнаа до триумф.

По мечот, Дијас беше прогласен за најдобар играч на средбата, иако одигра само 45 минути.

Колумбискиот репрезентативец е уште еден доказ како детскиот сон може да стане стварност и како од тешка сиромаштија може животот да го претвори во уживање.

Овој 25-годишен офанзивен играч е роден во еден од најсиромашните делови во Колумбија. Почнал да игра фудбал во тимот на Баранкила, каде што ги поминал сите младински категории.

Тогаш многумина му велеле дека не е доволно добар да биде професионален фудбалер и дека ги нема потребните физички предиспозиции за да игра на врвно ниво.

Дијас не се откажал и во 2019 година од колумбискиот Јуниор направи трансфер во Европа, во тимот на Порто за трансфер од 7 милиони евра. Имаше две фантастични сезони во Порто, но кулминација на кариерата му е трансферот, кој во јануарскиот преоден рок го направи за сума од 45 милиони евра.

Јирген Клоп го посака во Ливерпул и се покажа како вистински потег. Сега со Ливерпул е на чекор од освојување дури на четири титули во сезона. Се радуваше на трофејот во Лига купот, ќе игра во финалето на ФА купот, а е еден од најзаслужните и за пласманот во финалето на Лигата на шампиони. Ливерпул е во трка и за титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести