Со Sport Life картичка играјте Спортска прогноза за супер награди

Првото коло во новата сезона на Спортската прогноза е во тек, а сè што треба да направите за да се фати редот од почеток е да сте сопственици на СЛ картичка од обложувалниците на Sport Life и на многу едноставен начин на интернет-страницата да типувате на 13 основни двојки, плус два резервни пара.

Типувањето е отворено до утре, сабота, до 16 часот, кога почнуваат натпреварите од играта што е многу популарна и го привлече вашиот интерес на премиерата што Спортската прогноза ја имаше лани.

Официјалниот почеток е со дуелите во англиските лиги меѓу Ковентри и Блекпул, односно Транмере и Гилингам од 16 часот.

Во понудата од првото коло има и квалификациски мечеви, а за нас особено интересно ќе биде да се типува мечот во Рига меѓу Летонија и Македонија. Најавите се дека ќе одиме на победа, а според квалитетот, двојката би требало да е логичен исход.

Секако, суперинтересно ќе биде и на мечот меѓу Србија и Португалија, потоа и на скандинавското дерби меѓу Шведска и Норвешка, а за нашата јавност внимание привлекува и вториот меч од нашата група во понудата од 13+2 пара меѓу Словенија и Израел.

Има време за да ги одиграте вашите прогнози во првото коло од Спортската прогноза и, пред сè, да станете сопственик на СЛ картичка, што е услов за учество во играта која е бесплатна и мошне забавна, со богати награди.

Секој викенд главен предизвик за играчите на Спортска прогноза ќе биде прекрасниот мобилен телефон I-Phone XS, кој следува како награда за 13 погодени меча од основната понуда. За 12 погодоци следуваат ваучери од 1.000 денари од Sport Life, а единаесетка носи ваучер од 500 денари.

Подароци на крајот ќе има и за најредовните и најуспешните. Смарт ТВ 48 инчи ќе добие најдобриот прогнозер во Генералниот пласман на крајот од сезоната во Спортска прогноза. Затоа е важно да се игра редовно, секое коло и вредно да се собираат поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести