Ја имаат најдобрата одбрана во лигата, а Клоп вели дека може и подобро

Ливерпул е голем фаворит во пресрет на дербито против Манчестер јунајтед. Лидерот во Премиер лигата цели кон нова победа во шампионатот со која би се одржал победничкиот ритам, во топ форма Црвените ќе го пречекаат големиот ривал на „Енфилд роуд“.

Ливерпул во последните шест лигашки меча нема примено гол, но Клоп вели дека одбраната може да биде уште подобра.

„Сакам да бидам искрен, не мислам дека совршено се браневме во тие мечеви. Вулвс имаа доста шанси да дадат гол, исто како и Тотенхем. Во двете средби одбраната можеше да потфрли, но знаеме каде треба да се поправиме. Нашата цел никогаш не е да ја сочуваме мрежата, не може тоа да ни биде мотив пред секој натпревар. Важно е да се браниме добро, а сочуваната мрежа е како бонус. Поентата во бранењето е да се биде сконцентриран до самиот крај на мечот“, истакна Клоп.

Ливерпул по 21 одигран натпревар прими само 14 погодоци, што значи дека ја имаат најдобрата одбрана во лигата иако во првите 24 средби во сите натпреварувања само трипати успеаја да ја сочуваат мрежата.

Дербито на „Енфилд роуд“ е закажано за утре со почеток од 17:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести