Баерн Минхен сериозно ја разгледува опцијата за смена на Јулијан Нагелсман. Германскиот првак четири кола нема победа во Бундеслигата, а во последното коло го доживеа и првиот пораз сезонава.
Иако во Лигата на шампионите им оди одлично и ги победија Интер и Барселона, очигледно не е сè толку розово во соблекувалната на Баварците.
Според некои инфорации, доколку дојде до тренерска промена, Баерн планира да го ангажира Томас Тухел.