Ја освои пол позицијата, но има помали шанси да победи од двајцата возачи на Ферари

Легендарната патека Хунгароринг е домаќин на денешната трка во Ф1 шампионатот. Вчерашните квалификации донесоеа многу возбудувања и изненадувања на крајот, затоа што Џорџ Расел имаше најбрзо време и возачот на Мерцедес стигна до првата пол позиција во кариерата.

Зад Расел се најде дуото на Ферари, Карлос Саинц и Шарл Леклер, а интересно е дека актуелниот светски првак Макс Ферстапен ќе стартува дури од десетата позиција. Во Sport Life има дури 167 различни предлози за типување на оваа интересна трка, а впечатливо е тоа дека двајцата возачи на Ферари се со поголеми шанси за победа од Расел кој ја има пол позицијата.

Може да се обложите и на тоа кој возач ќе го има најбрзиот круг, кој прв ќе замине во боксот, кој прв ќе се откаже, но и дали ќе излезе сигурносното возило на патеката. Едноставно игрите се одлични за повозбудливо следење на трката.

Интересно е дека поголеми шанси за победа се даваат на возачи кои ќе стартуваат од 8 до 13 позиција, отколку на оние кои ќе стартуваат од 5 до 7 позиција. Тоа е така затоа што Ферстапен ќе биде од 10-тото место на стартот.

 

- Оглас -

Најнови вести