Ја преживеа авионската несреќа на Шапекоенсе, а почина играјќи фудбал

Телевизискиот коментатор и новинар Рафаел Хенцел почина од инфаркт на 45-годишна возраст играјќи фудбал со пријатели. Рафаел беше еден од шестемина среќници кои во ноември 2016 година ја преживеаја авионската несреќа во која загина речиси целиот тим на бразилскиот клуб Шапекоенсе, имаше вкупно 71 жртва.

Рафаел беше познат во Бразил како човек кој со многу енергија ги пренесуваше мечевите, но судбината си поигра со него и откако пред три години го преброди најтешкото, животот му заврши неочекувано брзо. По една година закрепнување, тој во 2017 година почна да работи во едно радио, а напиша и книга во која го сподели своето непријатно искуство и мотивацијата да продолжи да се бори за животот.

- Оглас -

Најнови вести