Ја видовме најлошата изведба на еден голман во историјата на ЛШ (Видео)

Младиот чешки голман Антонин Кински имаше кошмарно деби во Лига на шампиони. Голманот кој доби доверба да брани за Тотенхем на гостувањето кај Атлетико Мадрид во осминафиналето на ЛШ, се посрамоти и на крајот со сочзи во очите го напушти теренот.

По само 5 минути игра, Кински ја направи првата голема грешка, кога лошо исфрли една топка, а домашните фудбалери казнија со голот на Љоренте кој може да го видите ТУКА.

Потоа следуваше голот на Гризман за 2:0, а само што тргнаа од центарот фудбалерите на Тотенхем следуваше нов кикс на Кински. Младиот 22-годишен голман не успеа да ја исфрли топката а Алварез без бунење го прифати подарокот и погоди за 3:0 во 15 минута.

Тогаш мораше да реагира тренерот на Тотенхем, Игор Тудор кој реши да го извади Кински од игра. Голманот со солзи во очите го напушти теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести