Ја „закова“ топката во голот, а мрежата не ја допре и на крајот заврши покрај голот (Видео)

Екипата на Тигрес без поголеми проблеми славеше во шестото коло на мексиканското првенство и тоа на гости кај Мазатлан со 3:0. Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме, а посебно впечатлив беше голот на Нико Лопес од пенал во 81 минута.

Лопес успеа да даде гол од белата точка, но пеналот што го изведе беше еден од најчудните. Шутот на Лопес заврши во металната шипка која ја држи мрежата на голот, а од силниот удар, веднаш се одби и излезе од голот. Топката удри во грбот на голманот и заврши покрај голот.

Иако во прв момент делуваше дека пеналот е промашен, судиите одлично ја проценија целата ситуација и покажаа дека е погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести