Ја збуни цела Холандија, го чекаа во еден клуб, тој потпиша за друг и тајно го отпушти менаџерот

Сила Соу ја збуни фудбалска Холандија со пресврт во последен момент и наместо за Де Графшап, ќе игра за Гоу ахед иглс во Втората лига.

Иако имаше договор со Де Графшап и, како што објавија Холанѓаните, му фалеше потпис само на уште еден документ, 26-годишниот напаѓач одеднаш го смени курсот и правецот и го засили Гоу ахед иглс.

Дури и неодамнешните соиграчи на Соу од Шефилд вензди му честитаа на трансферот во Де Графшап при разделбата, но тој оди во друг клуб.

Сила неочекувано го сменил и својот менаџер една ноќ пред да се пишмани за трансферот и да потпише договор со Гоу ахед иглс.

Во Де Графшап размислуваат и за тужба и за судска разврска и сметаат дека се измамени, а Соу веќе има загубено еден судски процес во Холандија.

Порано играше за РКЦ Валвијк и одеднаш престана да се појавува на тренинзи и натпревари и бараше да биде продаден.

Клубот го тужеше и го доби случајот со одлука на Арбитражен суд.

 

 

- Оглас -

Најнови вести