Јаховиќ го запиша и Бешикташ во тефтерот со голови

Адис Јаховиќ постигна и десетти гол сезонава во турското првенство, вечерва против гигантот Бешикташ на гостински терен и ја комплетираше сензационалната победа на Јени Малатија од 2:0.

Во Истанбул се случи чудо на кое му кумуваа Бифума и Јаховиќ со голови во самиот финиш, а нашиот поранешен репрезентативец повторно е на врвот на листата на стрелците во турското првенство.

Во 15. кола Јаховиќ има постигнато 10 гола и заедно со Романецот Станчу од Генлербирлиги се ко-лидери и топ-стрелци во силното првенство.

Малатија со оваа победа се проби на седмата позиција на табелата со 23 бода, а Бешикташ остана на второто место со 27.

- Оглас -

Најнови вести