Јаховиќ ќе го буди нападот на Бешикташ, гигантот нуди 1,6 милиони евра

Адис Јаховиќ е високо позициониран на листата со евентуални зимски засилувања на гигантот Бешикташ, а особено високо мислење за него има тренерот на „црно-белите“, Шенол Ѓунеш.

Тој инсистирал шпицот на Коњаспор да биде веднаш ангажиран, а понудата е 1,6 милиони евра. Јаховиќ има уште 1,5 година од договорот со сегашниот клуб, а е еден од најдобрите напаѓачи во турското првенство, и тоа подолго време.

Како играч на Ѓозтепе постигна вкупно 34 погодоци за две сезони, па потоа се пресели во Коњаспор потпишувајќи 2,5 годишен договор, за кој беше платена отшета од 1,5 милиони евра за Ѓозтепе. Во првиот дел од шампионатот, Адис постигна пет гола за Коњаспор и е најдобар стрелец на тимот со Мустафа Јатабаре, кој има ист учинок.

Бешикташ по првиот дел од сезоната е на седмото место во Суперлигата на Турција.

- Оглас -

Најнови вести