Јаховиќ: Минатото го оставив зад себе, пресреќен сум што повторно ќе ја претставувам татковината

Адис Јаховиќ првпат од септември 2017 година се врати во репрезентацијата на Македонија по барање на новиот селектор Благоја Милевски. Членот на турскиот прволигаш Гезтепе кој зад себе има 15 сениорски настапи за Рисовите, вели дека минатото го остави зад себе и е пресреќен што добива шанса да придонесе за нови успеси на нашата фудбалска селекција.

Против Еменија очекува посакуван резултат бидејќи верува во квалитетот на моменталниот состав, а Јаховиќ најави дека ќе го даде максимумот за да придонесе за победа на 2 септември во мечот кој ќе се игра на Националната арена во Скопје, „Тодор Проески“.

„Со селекторот разговарав пред околу два месеци, секако темата беше моето враќање во репрезентацијата. Како што му кажав и на Милевски, ќе повторам и сега, чувството е прекрасно да се претставува татковината. Минатото го оставив зад себе, среќен сум како и првиот пат кога бев повикан во А тимот на 26 години. Мило ми е што сум дел од оваа квалитетна репрезентација и се надевам дека ќе се согласуваме. Ги знам сите соиграчи, се надевам на брза адаптација. Доаѓам поискусен, а мотивацијата е иста, ќе дадам сè од себе за Македонија, верувам дека можеме да оствариме посакувани резултати. За нашиот прв противник во овој циклус, селекцијата на Ерменија, се подготвуваме со полна пареа. Противникот добро го анализиравме, но и да се подготвуваме од натпревар во натпревар. Трите натпревари ни се блиску по распоред, за помалку од 10 дена и знаеме дека ќе биде интензивен период. Ние имаме квалитет и ќе докажеме дека сме сериозни кандидати за пласман на Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести