Јаховиќ се врати во Ѓозтепе

Адис Јаховиќ, искусниот македонски голгетер, по пауза од три години, се врати во Ѓозтепе и потпиша едно и полгодишен договор со турскиот прволигаш.

По авантурите во Јени Малатијаспор, Коњаспор и Анталијаспор, 33-годишниот интернационалец се врати во клубот каде што ги пружи најдобрите партии во неговата кариера.

Во периодот од јануари 2018 до јуни 2019 година, Јаховиќ во 53 настапи за Гозтепе забележа 35 погодоци и 10 асистенции, а посочи дека е среќен што се врати „дома“.

„Пред три години му кажав збогум на мојот дом, што многу влијаеше врз мене и моето семејство. Денес сум среќен како и првиот пат кога потпишав за Ѓозтепе. Повторно сум дома, а сега е време да се борам како порано“, истакна Јаховиќ.

- Оглас -

Најнови вести