Аферим Јаховиќ – Адис пак е голгетерот што го знаеме, само да ја задржи формата до март (Видео)

Адис Јаховиќ фати ритам и повторно дава голови, а вечерва за едно полувреме со два погодоци го реши победникот на дуелот меѓу Ѓозтепе и Газијантеп.

Македонскиот репрезентативец најпрво беше стрелец од пенал за Ѓозтепе во 39-тата минута, а потоа погоди и од игра во судиското продолжение од првото полувреме.

Ѓозтепе победи со 2:1, а одлично за нас е што Јаховиќ сè почесто дава голови и се враќа во форма пред мартовскиот бараж-дуел со Италија, па потоа можеби и со Португалија или Турција за настап на Мундијалот во Катар.

Првиот гол на Јаховиќ беше од пенал, а вториот што го постигна од игра во последните моменти од првиот дел можете да го погледнете ОВДЕ.

Јаховиќ неколку години по ред беше еден од најдобрите стрелци во турското првенство, а и сега полека фаќа ритам откако беше повреден, па се врати на терен.

Со овие два гола сезонава во најсилната турска лига има салдо од вкупно 4 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести