Јаја Туре ќе игра за двократен јужноамерикански првак?

Јаја Туре е блиску до ангажман во редовите на бразилскиот прволигаш Ботафого. Поранешната ѕвезда на Барселона и Манчестер сити моментално е член на кинескиот клуб Кингдао Хуангај, но се обидува да ја раскине соработката од страв што во Кина владее епидемијата со коронавирусот.

Бразил може да му биде нова дестинација откако доби конкретна понуда од поранешниот јужноамерикански шампион да игра до крајот на сезоната. Туре би играл покрај Кеисуке Хонда, некогашниот член на Милан, а со своето реноме со сигурност би привлекол внимание и посетеност на мечевите на тимот кој се бори за опстанок во бразилската Серија А.

Туре е еден од најтрофејните африкански фудбалери во историјата и голем дел од кариерата ги бранеше боите на Манчестер сити, со кого во четири наврати ја освои титулата во Премиер лигата додека беше дел од историската триплета на Барселона во сезоната 2008/09.

- Оглас -

Најнови вести