Јака штикла – Колумбиец постигна топ-гол во шпанска Сегунда (Видео)

Колумбиецот Хуан Нарваес и донесе победа на Сарагоса против Фуенлабрада со необичен гол со петица, а се снајде одлично кога се чинеше дека пропадна шансата за погодок.

Нарваес најпрво не успеа да го совлада голманот на Фуенлабрада, но не се откажа. Ја стаса одбиената топка и завртен со грб со популарната штикла ја смести зад грбот на Фреиксанет.

Great backheel goal by Narváez in yesterday’s Real Zaragoza [1] – 0 Fuenlabrada from soccer

Со прекрасниот гол на Нарваес кој е најдобар клупски стрелец со пет гола, Сарагоса конечно ја сопре серијата од 12 меча без победа и славеше за првпат од октомври, кога го победи Албасете.

 

- Оглас -

Најнови вести