Јакимовски: Имаме подмладен тим, но нема да му се предадеме на светскиот шампион

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките во пресрет на јулскиот квалификациски циклус за СП 2023. На 1 јули составот на Драган Бајиќ ќе гостува кај светскиот првак Шпанија, за три дена подоцна да ја пречека селекцијата на Украина.

Токму за дуелот против Црвената фурија, својот впечаток го истакна Андреј Јакимовски, кој од одреден период се врати во сениорскиот тим.

„Факт е дека тимот ни е подмладен, но мора да покажеме зошто ја добивме довербата. Можеби нема веднаш да се видат резултатите, но важно е ние помладите да почнеме од некаде и да градиме тим. Дуелот против светскиот шампион е добра шанса да видиме до каде сме, силна е Шпанија, но ние нема да се предадеме предвреме“, истакна младото крило.

Јакимовски последен пат во македонскиот дрес играше пред две години против Естонија. Обврските во САД не му дозволија во меѓувреме да ја задолжи националната опрема, но сега потполно му е ставен на располагање на селекторот Бајиќ.

- Оглас -

Најнови вести