Јакобсен сега се плаши од Македонија

Македонската ракометна репрезентација го изненади светскиот првак Данска победувајќи го пред четири дена во меч од квалификациите за Европското првенство. На дуелот во „Борис Трајковски“ нашите ракометари постојано имаа контрола на резултатот и водство кое во еден дел од мечот изнесуваше и осум гола.

Данците потценувачки влегоа во тој меч. Во Скопје допатуваа на само неколку меча пред почетокот, верувајќи дека ќе имаат лесна задача, но не беше така. Попладнево Данска ќе биде домаќин на Македонија, а селекторот на актуелниот светски првак, сега е многу попретпазлив. Николај Јакобсен дури е уплашен Данска да не падне на третото место во групата, а на Европското првенство пласман обезбедуваат двете најдобри селекции.

„Најважно ќе биде да се пласираме на ЕП, без разлика дали ќе бидеме први или втори во групата. Не смееме да си дозволиме да паднеме на третото место. Токму затоа, дуелот против Македонија е најважен за нас и ќе се обидеме да победиме“,  изјави Николај Јакобсен во пресрет на денешниот дуел.

Според коефициентите, Данска е апсолутен фаворит, но не треба да заборавиме дека така беше и пред правиот меч во Скопје, па Македонија сепак победи. Дуелот во Данска се игра од 16 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести