Јамајка боб тимот ќе испише историја на Игрите во Пекинг

На претстојните Олимписки игри во Пекинг, Јамајка за прв пат во историјата ќе има дури три боб постави. ЗОИ стартуваат од 4 февруари и ќе трајат до 20 следниот месец.

„Ќе биде тоа оган по мразот. Ќе имаме четворосед, двосед и женски самец“, потврдија од тимот на Јамајка. Може да се случи дури и да има четврта посада на Јамајка, затоа што женскиот двоец моментно е прва резерва, па доколку некој откаже, тие ќе влезат во натпреварувањето.

Јамајка влезе во историјата на Зимските олимписки игри во 1988 година во Калгари, кога за прв пат испратија боб тим. Тој подвиг подоцна беше инспирација и за филмот „Cool runnings“ од 1993 година, кој имаше светски успех.

Еден од членовите на првата боб постава на Јамајка, Крис Сток, сега е претседател на боб федерацијата на Јамајка.

- Оглас -

Најнови вести