Нереално е тоа што се случи во Турција: Голманот на Галатасарај плачеше поради своите навивачи (Видео)

По елиминацијата на Фенербахче, вечерва шокантен пораз во Купот на Турција доживеа и Галатасарај. Турскиот гигант на свој терен во Истанбул загуби од Генчлербирлиги со 0:2. Трагичар на мечот беше голманот на Галатасарај, Гунај Гувенч кој имаше лоши интеревенции во акциите по кои гостите ги постигнуваа головите.

На крајот, Гунај беше исвиркан од домашните навивачи, а тој со солзи во очите го напушти теренот, додека соиграчите го тешеа.

Искусниот 34-годишен резервен голман на Галатасарај посебно киксираше во 83 минута кога гостинскиот тим стигна до водство од 2:0 и едноставно го откажаа домаќинот во обидот да се спаси од елиминација. Откако со свирежи беше испратен во соблекувалната, соиграчите на Гунај решија да го вратат голманот од соблекувалната на теренот и му дадоа поддршка да се извини на навивачите, кои свирежите на крајот ги заменија со аплаузи, затоа што фановите едноставно сфатија дека токму на голманот кој е виновник за елиминацијата, сега му е најтешко и му е потребна поддршка.

 

- Оглас -

Најнови вести