Јанг им даде крилја на Јастребите да полетаат со победа во финалето на Истокот (Видео)

Атланта хоукс поведе со 1:0 во финалето на Источната конференција откако на гостински терен со 116:113 славеше на теренот на Милвоки бакс. Дека ќе биде интересно и неизвесно до крајот, се покажа уште во првата четвртина, кога имаше дури девет промени на водството.

Во продолжение на мечот, ниту една од двете екипи не успеа да се стекне до двоцифрена предност, иако Милвоки многу почесто беше во позитива. На средината од последната четвртина, Милвоки поведе со 105:98 и делуваше дека тоа може да биде доволна предност, но гостите не се предадоа.

На 100 секунди до крајот, Милвоки водеше со 111:107, а потоа следуваше клучна серија на Атланта од 7:0 и водство од 114:111. Потоа двете екипи реализираа по еден напад за 116:113 за гостите, а Милвоки имаше шут за тројка за израмнување, но Мидлтон промаши.

Тре Јанг беше лидер во победничката екипа и на крајот заврши со 48 поени, 11 асистенции и седум скока. Со дабл-дабл кај Атланта беше и Колинс, кој заврши со 23 поени и 15 скока, додека Адетокумбо беше најдобар кај Милвоки и на крајот заврши со 34 поени, 12 скока и девет асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести