Јанис Адетокумбо најави дека сака да игра во Саудиска Арабија

Во последните неколку месеци, Саудиска Арабија е фудбалската ветена земја за голем број од играчите. Супер ѕвезди како Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Нејмар решија да играат во првенството на Саудиска Арабија, кое станува едно од најатрактивните во Европа.

Тоа што се случува во фудбалскиот свет со Саудиска Арабија не остана незабележано и во кошаркарската НБА-лига. Голем број кошаркарски ѕвезди ги коментираа трансферите на суперѕвездите и парите кои ќе ги заработуваат во оваа арапска земја.

Еден од оние кои беше најгласен во реакциите е Јанис Адетокумбо. НБА шампионот и двократниот МВП во најсилната кошаркарска лига беше зачуден од парите кои ќе ги добијат фудбалерите за играње во Саудиска Арабија, па најави дека и тој некогаш може да заигра во оваа земја.

„Се разбира дека можно е да се случи да заиграм во Саудиска Арабија. Ако постои таква опција, јас сум тука“, рече Јанис.

Моментално во Саудиска Арабија не постои кошаркарска лига, инфраструктурата не е на потребното ниво, но сигурно дека ако решат тамошните власти да ја популаризираат кошарката, Јанис Адетокумбо би бил еден од првите големи ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести