Јанис блеска на ЕП, сепак се знае кој е главен во семејството Хаџи (Видео)

Јанис Хаџи е едно од најпријатните изненадувања на младинското Европско првенство во Италија и Сан Марино, но се знае кој е главен во семејството Хаџи.

Неговиот татко и легенда на светскиот фудбал Георге беше пречекан со овации и на стадионот „Дино Мануци“ во Чезена и по мечот кога го напушташе спортскиот објект на италијанскиот клуб, каде се играше дуелот меѓу Романија и Англија.

Неговиот син Јанис одигра професорски, постигна и гол во големата победа од 4:2, а за таткото остана вниманието и овациите од романските навивачи.

Романија има шанса со реми, или победа против Франција во последното коло да игра во полуфиналето на ЕП за играчи до 21 година, а Јанис во таков случај може да конкурира и за МВП на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести