Јанис го „залепи“ Дончиќ на постер (видео)

Јанис Адетокумбо го предводеше тимот на Милвоки бакс до 34-тата победа сезонава со триумфот над Далас маверикс од 116:106. „Грик фрик“ блескаше за „елените“ со двоен учинок од 31 поен и 15 скока, додека во своето ново шоу успеа да го стави на постер Лука Дончиќ, кој се обиде да го спречи налетот на Јанис.

Дончиќ ќе жали што со победа не го круниса неговиот прв трипл-дабл учинок во кариерата, а средбата ја заврши со 18 поени, 11 скока и 10 асистенции.

На маратонот за „Мартин Лутер Кинг деј“, Вашингтон визардс беа подобри од Детроит пистонс со 101:87.

- Оглас -

Најнови вести