Јанис и Леброн со одлични партии ги водеа Милвоки и Лејкерс до полуфиналето на НБА-купот (Видео)

Екипите на Милвоки и ЛА лејкерс се последните полуфиналисти на НБА-купот откако синоќа ги совладаа Њујорук, односно Феникс и им се придружија на Индијана и Њу Орлеанс помеѓу најдобрите четири тимови.

ЛА лејкерс иако минимално со 106-103 го совладаа Феникс, сепак, во текот на целиот меч имаа водство и го контролираа резултатот. Леброн Џејмс од победничката екипа и Кевин Дурант од поразената мечот го завршија со по идентични 31 поен.

Без големи возбудувања мина дуелот помеѓу Милвоки и Њујорк, кој им припадна на домашните со 146-122. Бакси во текот на целиот меч доминираа и не оставија простор за неизвесност. Јанис Адетоумбо со 35 поени беше најефикасен во победничката екипа, додека ниту 41 поен за Рендл не го спасија од пораз Њујорк.

Во полуфиналето кое стартува утревечер се среќаваат Милвоки – Индијана и ЛА лејкерс – Њу Орлеанс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести