Јанис, Јокиќ и Дончиќ блескаат во НБА, Гркот со поени за победа во последниот напад (Видео)

Кошаркарите на Милвоки бакс на свој терен го победија Шарлот со 127:125 во еден од најинтересните мечеви одиграни ноќеска во НБА-лигата. Јанис Адетокумбо имаше уште една феноменална партија, а на крајот заврши со 40 поени, 12 скокови и девет асистенции.

Кај гостите, меч на кариерата одигра Ламело Бол, кој заврши со 36 поени, но и тоа не беше доволно за победа на Шарлот. Токму Адетокумбо беше играчот кој не дозволи Бол и другарите да се надеваат на победа, откако при резултат 125:125, во последниот напад на домаќините, Гркот даде поени за победа на две секунди до крајот.

Орландо пред своите навивачи славеше над Денвер со 108:103, што е само петта победа на Магичните сезонава и веќе не е најслаб тим, затоа што Детриот има само четири триумфи. На Денвер не им помогна ниту одличниот Никола Јокиќ, кој заврши со 18 поени, 15 скока и седум асистенции.

Традиционално, Лука Дончиќ е лидер на Далас, тим кој ноќеска славеше убедлива победа на гости кај Њу Орлеанс со 139:107. Словенецот имаше дабл-дабл со 28 поени и 14 скокови, а добар беше и Кристапс Порзингис, кој исто така имаше дабл-дабл со 20 поени и 10 скока.

Резултати: Индијана – Аталанта 111:114, Орландо – Денвер 108:103, Вашингтон – Мајами 115:107, Бостон – Филаделфија 88:87, Мајами – Кливленд 85:111, Милвоки – Чикаго 127:125, Њу Орлеанс – Далас 107:139, Оклахома – Хјустон 110:114, ЛА клиперс – Сакраменто 115:124.

 

- Оглас -

Најнови вести