Јанис: Како би играл одбрана против себе? Навистина не знам

Милкови бакс имаат голема шанса да заиграат во Источното конференциско финале за првпат по 2001 година, поточно од времето на Реј Ален. Најголема заслуга за тоа има Јанис Адетокумбо, популарниот Грик Фрик ги презеде работите во свои раце по поразот во првата пресметка против Келтите и ја одведе својата екипа до три последователни победи.

Ноќеска блескаше со двоен учинок од 39 поени и 16 скока, додаде и 4 асистенции, а Милвоки се радуваа со конечни 113:101. По мечот, на прес-конференцијата новинарите му поставија интересно прашање на Адетокумбо: Како би играл одбрана против себе?

„Навистина не знам. Би се обидел да го добијам тој дуел на физички план, што е можно повеќе. Во текот на целата серија нашата екипа се потпира на физичката игра, на тој начин ми овозможуваат повеќе да шутирам. Така што, навистина не знам како би се бранел, но прашањето си е на место“, истакна Јанис.

Својата доминанција под обрачите, но и во ситуациии „еден на еден“, пред сè поради физикусот, Адетокумбо ја покажа уште пред неколку сезони, но оваа сезона тој значително го крена нивото на игра. Годинава претендира за МВП-титулата, но има голема конкуренција од бранителот Џејмс Харден.

Во 72 меча од регуларниот дел од сезоната, Адетокумбо во просек постигнуваше 27,7 поени по натпревар, додека по осум натпревари во разигрувања одржува просечен учинок од 28,4 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести