Јанис неизвесен за стартот на финалната серија против Феникс

Јанис Адетокумбо, првата ѕвезда на Милвоки бакс, е неизвесен за стартот на финалната серија против Феникс. Двократниот МВП на НБА-лигата уште има проблеми со левото колено, повреда со која се здоби во четвртиот меч од серијата против Атланта.

Поради тоа, Адетокумбо ги пропушти петтиот и шестиот меч од финалната серија на Истокот, но Милвоки и без него се избори за битка за шампионскиот прстен.

Првиот меч против Феникс е закажан во 03 часот по полноќ според наше време, а до последен момент нема да се знае дали Сонцата ќе играат против комплетниот тим на Бакс, предводен од Грчката ѕверка.

Инаку, Адетокумбо е еден од најефикасните играчи во разигрувањата со 28,2 поени и 12,7 скока по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести