Јанис непријатно ги изненади навивачите на Милвоки бакс

Во интервју за магазинот „GQ“, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо изјави дека не ја исклучува можноста еден ден да си замине од Милвоки бакс и да заигра за друг НБА-клуб.

„Грчкото чудовиште“, кој е еден од најдобрите играчи во НБА, ја остава отворена вратата  за трансфер и би ги напуштил Елените ако се нафати на предизвик во друг клуб.

„Наша цел беше да ја донесеме титулата тука во Милвоки и успеавме. Беше многу тешко, но успеавме. Сакам предизвици. Кој ми е следниот предизвик? Можеби следниот нема да биде тука“, рече Адетокумбо, кој додава дека е задоволен во Милвоки, и тој и семејството го сакаат градот, но којзнае што може да се случи по две години.

- Оглас -

Најнови вести