Јанис од преголема возбуда околу рампата, го згреши противничкиот играч (видео)

Јанис Адетокумбо го имаше клучниот момент за втората победа на Милвоки во финалната серија против Феникс откако со фантастична одбрана го прочита нападот на Сонцата и го блокира Ејтон.

Од преголема возбуда, Јанис за момент заборави кој го организираше нападот, па наместо Букер, истакна дека Пол беше човекот кој му додаде на Ејтон во акцијата која тој самиот ја спречи со нереална блокада. Очекуваше да биде ставен на постер, но се случи спротивното.

„Да бидам искрен, помислив дека Ејтон ќе забие преку мене. Но, во вакви моменти правам сè што можам да ѝ помогнам на екипата да победува. Забележав дека ќе одат на таа варијанта, лоб додавање со брза реализација. Видов како Крис (Пол) се мести да го проигра Ејтон, а јас за момент задоцнив и тргнав кон таблата, а не по топката, па можеби затоа стигнав да блокирам. Да беше спротивно, јас сигурно ќе ја забиев топката и ќе постигнев кош“, истакна Адетокумбо.

- Оглас -

Најнови вести