Јанис „здиве“ за рибрејк на Милвоки

Јанис Адетокумбо беше незадржлив во третиот меч меѓи Бостон и Милвоки, па гостите се радуваа на победа од 123:116. Со овој триумф, Милвоки многу брзо го возврати брејкот на противникот, во полуфиналето на Источната конференција.

„Грик Фрик“ беше незадржлив и на крајот заврши со 32 поени, 13 скока, осум асистенции и три блокади. Сезонава едноставно „му лежи“ на Јанис да гостува во „ТД Гарден“ во Бостон, бидејќи и во двата меча од регуларниот дел од сезоната постигна преку 30 поени. Овојпат тој немаше многу шутеви од поле (само 13), но дури 16 поени даде од линијата за слободни фрлања, што покажува дека противникот многу често се обидувал да го сопре со фаули, потег кој се покажа како неуспешен.

Бостон ќе биде домаќин и на четвртиот меч.

 

 

- Оглас -

Најнови вести