Јапонски воин ќе „сече“ за Сосиедад (видео)

Реал Сосиедад го промовира Такефуса Кубо како ново засилување од Реал Мадрид. Баскискиот клуб откупи 50 % од правата на Кубо за сума од 6,5 милиони евра за Јапонецот во следните пет години да игра на „Аноета“.

Сосиедад на интересен начин го претстави талентираниот Таке. Ексталентот на Барселона како јапонски воин ќе сече на терените за новиот клуб.

Инаку Кубо го напушта Реал по три години, од каде што беше праќан на позајмици, двапати во Мајорка, Вилјареал и Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести