Јапонскиот Меси ќе игра покрај Трајковски во Мајорка?

Реал Мадрид ќе го пушти талентираниот јапонски фудбалер Такефуса Кубо на едногодишна позајмица во Мајорка. Јапонскиот Меси, како што го нарекуваат, ќе заигра покрај нашиот репрезентативец Александар Трајковски, кој од ова лето е нов член на повратникот во шпанската елита.

За услугите на Кубо беа заинтересирани уште неколку екипи, а најконкретна понуда имаше од Валјадолид, но на крајот не се постигна таа соработка. Јапонецот ќе добива значително поголема минутажа во екипата која ќе се бори за опстанок во Ла Лига, така што ќе стекне уште повеќе искуство пред да добие шанса во првиот тим на Реал.

 

- Оглас -

Најнови вести