Јапонските фанови знаат да направат супер атмосфера (Видео)

Дека може да се направи убаво „светлечко шоу“ на трибините на фудбалски меч без факели и друг вид пиротехника, докажаа јапонските навивачи, поточно на клубот Шимицу С-Пулс, на гостувањето во Јокохама.

Јапонците често знаат да изненадат и да бидат пример за останатите. Овојпат тие како знак на поддршка за своите фудбалери направија едно светлечко шоу наречено „портокалова галаксија“. Тие имаа лампи кои светат со портокалова боја, и сето тоа со соодветна кореографија и скандирање, изгледаше убаво. Ова бодрење даде резултат, Шимицу победи со 1-0.

Еве како изгледаше сето тоа снимено од трибината на која беа гостите, а има уште поубава снимка и од страна:

- Оглас -

Најнови вести