Јапонски изум – Фудбал се игра 4х45 минути и има многу голови

Јапонците играат пријателски мечеви без присуство на публика, додека трае епидемијата со Коронавирус, а колку им недостасува најважната споредна работа на светот на фудбалерите потврди и пријателскиот дуел меѓу Шимицу и Ивата.

Двете јапонски екипи одиграа невообичаен меч ноќеска со вкупно 13 голови за 145 минути игра. Се играше по нов модел со четири полувремиња од по 45 минути, а победи прволигашот Шимицу со 11:2.

Да се играше стандардно со две полувремиња од по 45 минути со вообичаеното судиско продолжување резултатот ќе беше 3:2 за Шимицу, а интересно е што повеќе голови имаше во следните две полувремиња, дури осум.

Јапонското првенство е прекинато поради Коронавирус на 24. февруари по само едно одиграно коло и во Првата и во Втората лига.

- Оглас -

Најнови вести