Јапонците непогрешливи пеналџии, си закажаа полуфинале со Шпанија

Шпанија – Јапонија е првата полуфинална двојка на фудбалскиот турнир во машка конкуренција на ЛОИ во Токио. Шпанците во супер драматичен меч го елиминираа Брегот на слоновата коска, а драмата не изостана и во четвртфиналето помеѓу Јапонија и Нов Зеланд. Јапонците кои доминираа во групната фаза, овојпат против Нов Зеланд за 120 минути не успеаја да постигнат гол, па решаваа пенали.

Новозеланѓаните ја остварија целта да дојдат до пенал, го имаа и првиот шут, но не реализираа двапати, додека Самураите беа непогрешливи во четирите серии, и на крај се радуваа на победа на пенали од 4-2.

Во другото полуфинале, веројатно ќе играат Бразил и Мексико кои имаат предност во своите мечеви од четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести