Јапонците се во страшна „пријателска“ форма

Фудбалската репрезентација на Јапонија денеска ја надигра Канада со 4-1, и ја продолжи серијата контролни мечеви на кои постигнуваат барем четири голови.

Сега серијата е пет меча. Јапонија даваше по четири гола против Канада, Турција, Германија и Перу, а на Ел Салвадор му ја наполнија мрежата со 5 погодоци. Колумбија во март беше последната селекција која против Јапонија прими помалку од четири голови.

За четири дена, Јапонците играат пријателски меч со Тунис, па за тие обложувачи што следат традиција, 4+ голови е задолжителна игра на тикетот.

- Оглас -

Најнови вести