Јарни: Три дена без прекин ми ѕвони телефонот после изјавата на Љупко

Изјавата на тренерот на златната генерација на Црвена ѕвезда од 1991 година, Љупко Петровиќ, дека клубот бил договорен да ги донесе Давор Шукер и Роберт Јарни, но поради војната работата пропаднала, предизвика бура од реакции во Србија, и особено во Хрватска.

Јарни кој во тоа време беше најдобар лев бек во поранешна Југославија, вели дека во последните денови телефонот му ѕвони постојано, и луѓе се распрашуваат околу вистинитоста на изјавата на Петровиќ.

„Ме бараат сите пријатели и познаници. Телефонот три дена по ред ми ѕвони нон-стоп. Не можам да сфатам зошто Љупко Петровиќ го кажал тоа, кога не е вистина. Со мене никој не зборувал за трансфер во Ѕвезда, ниту некој ме прашал дали јас би сакал да играм таму. Да биде работата уште почудна, не знам ниту на кого Ѕвезда му дала капар за мене, навистина немам врска“ – вели зачудениот Јарни.

По заминувањето од Хајдук, Јарни прејде во Бари, а до крајот на кариерата играше и за Торино, Јувентус, Бетис, Реал Мадрид, Лас Палмас и Панатинаикос.

- Оглас -

Најнови вести