Јарците бараат премногу – Чурлинов да го продолжи договорот, а го преселија во младинскиот тим

Дарко Чурлинов денеска ќе ги продолжи преговорите со Келн за продолжување на договорот што му истекува следната година, но се наоѓа во чудна ситуација.

Тренерот на Јарците, Ахим Бајерлорцер, му даде шанса да игра на премиерниот меч во Бундеслигата против Волфсбург и иако според сите проценки Чурлинов одигра добри 20-тина минути, потоа одлучи да го пресели во младинскиот состав.

Македонскиот репрезентативец не се согласува со одлуката и сака да тренира и да игра за првиот тим, па двете страни се најдоа во ќор-сокак.

„Ние сакаме Дарко да го прдолжи договорот. Ќе ги продолжиме преговорите бидејќи го сакаме во нашиот клуб. Се надевам дека ќе најдеме решение и дека Чурлинов ќе ја донесе вистинската одлука“, изјави тренерот на Келн.

Клубот не му дозволи на 19-годишниот младински репрезентативец на Македонија да оди на позајмица во друг клуб, иако имаше понуди од Ајнтрахт Франкфурт и од Штутгарт, а потоа речиси без причина го врати во тимот на Келн за играчи до 21 година.

 

- Оглас -

Најнови вести