Јарците се на тест за издржливост – Вчера малку играа, денеска се на терен и пак ќе настапат за два дена (Видео)

Германците се на тест за издржливост, а се однесува за популарните Јарци од Келн, кои се заглавија во Чешка веќе втор ден откако вчера им беше одложен мечот со Словачко во Конференциската лига на УЕФА поради магла.

Во Ухерске Храдиште мечот продолжи денеска од 13 часот, и тоа од осмата минута, а откако ќе заврши, Германците ќе итаат на пат кон дома за да се освежат и да се подготват за дуелот со Хофенхајм закажан за задутре, недела, од 19.30 часот.

Засега од Келн не побараа одложување на дуелот со Хофенхајм од 12-тото коло во германското првенство, па по сè изгледа ќе мора да играат два меча во рок од малку повеќе од 48 часа.

На 10 минути до крајот на првото полувреме, резултатот е 0:0 на мечот меѓу Словачко и Келн што се доигрува денеска од 13 часот, по прекинот вчера во осмата минута поради магла.

- Оглас -

Најнови вести