Јасикевичиус го буди Фенербахче, домаќините поблиску до победите во Евролигата (Видео)

Вечерва во кошаркарската Евролига се играат четири меча, а според квотите во Sport Life, домаќините се фаворити на сите четири натпревари.

Првиот натпревар ќе се игра во Истанбул, каде што во деби Фенербахче ќе го пречека Жалгирис. Шарунас Јасикевичиус со победа над Монако дебитираше на клупата на Фенербахче, а вечерва повторно пред своите гледачи имаат одлична шанса повторно да слават.

Квотата за победа на Фенербахче е најмала од сите домаќини коишто играат вечерва и изнесува 1.30. Добра вест за Јасикевичиус е што речиси сите играчи ги надминаа проблемите со повредите и ќе бидат во тимот, додека кај Жалгирис, Буткевичиус, Лекавичиус и Манек сè уште се повредени.

И вториот тим од Истанбул игра вечерва, Анадолу Ефес, но не е фаворит. Пиварите му гостуваат на Баерн, кој од натпревар во натпревар игра сè подобро под палката на екстренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо. Квотата за победа на Баер е 1.54, додека таа за триумф на турскиот тим е 2.75.

Дербито на вечерта ќе се игра во Монте Карло, каде што Монако ќе го пречека Панатинаикос. Монако има осум победи во 14 меча, а грчкиот тим има победа помалку, но со триумфот минатата недела над Авел ја прекина серијата од три порази по ред. Францускиот тим според квотите е поблиску до победата и квотата изнесува 1.56, додека таа за Панатинаикос е 2.70. Во последниот меч вечерва ќе играат Армани Милано и Асвел.

Понудата на Sport Life е богата и за игрите „плус-минус“. Има 39-мина кошаркари за коишто може да погодувате колку поени ќе постигнат, потоа 22-ца кошаркари за погодување на бројот на скокови, а 17-мина играчи се во понудата за играта „плус-минус“ асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести