Јасикевичиус одржа легендарен тајмаут и ги збуни сите (Видео)

Кога на еден кошаркарски тим не му оди, тренерите бараат минута одмор во обид да го прекинат лошиот ритам и да ги искараат своите играчи за слабата игра. Но, легендарниот Шарунас Јасикевичиус, кој е тренер на Барселона, синоќа на лигашкиот меч со Валенсија смисли многу поинаков начин на „комуникација“.

Литванецот не им кажа ниту еден збор на своите играчи, дури и се дистанцираше од нив, се тргна настрана и ги остави самите да го решаваат проблемот. Валенсија на крај победи со 100-90.

Погледнете го тајмаутот и необичното однесување на Јасикевичиус:

- Оглас -

Најнови вести