Јелена Ѓоковиќ е во Скопје, ќе дојде ли наскоро и Новак? (Фото)

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, денеска е во Синеплекс во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, каде што присуствува на премиерата на документарниот филм „Мудроста на траумата“, по што ќе учествува во панел-дискусија како претставник на Фондацијата која го носи името на нејзиниот сопруг и ќе ја промовира Фондацијата пред македонската публика.

Инаку Јелена, која денеска дојде во Скопје од Ниш при „Караванот на љубовта и среќата“, со кој изминатиов период таа ја обиколи речиси цела Србија, а сега дојде и кај нас, имаше време малку и да прошета низ главниот град на Македонија, објави и некои фотографии, како онаа со споменикот на Кирил и Методиј во центарот на Скопје, до Камениот мост.

Инаку, Новак Ѓоковиќ е еден од најпопуларните спортисти во Македонија, има многу фанови тука, но уште ја нема посетено нашата земја иако има изразено желба да го стори тоа.

- Оглас -

Најнови вести